Истражување: Секој десетти Германец оди болен на работа
- Генерално, поголемиот дел од работниците признаваат дека одат на работа дури и кога се болни, а најчести се болките во грбот и алергиите, се наведува во истражувањето
Берлин, 17 октомври 2022 (МИА) - Еден од десет Германци заразени со коронавирус продолжува да оди на работа и покрај тоа што е болен, покажа студијата на кампањата за здравствено осигурување, jaви ДПА.
Според податоците на „Пронова бе ка ка“, каде имаа увид од „Функе“, девет проценти од лицата со дијагноза на коронавирус со благи симптоми одат на работа.
Околу 33 отсто велат дека остануваат во нивниот дом дури и ако имаат благи симптоми, а 17 проценти тврдат оти добиваат третман и седат дома само додека не поминат потешките симптоми. Околу 17 отсто посочуваат оти проблемот не ги засега бидејќи и онака работат од нивното живеалиште.
Генерално, поголемиот дел од работниците признаваат дека одат на работа дури и кога се болни, а најчести се болките во грбот и алергиите, се наведува во истражувањето. бд/зш/