• понеделник, 23 декември 2024

Истражување: Сè уште е можно да се задржи глобалното затоплување на два степена

Истражување: Сè уште е можно да се задржи глобалното затоплување на два степена
Лондон, 14 април 2022 (МИА) - Ако владите сторат сè на што се обврзани во борбата против климатските промени, светот сепак може да исполни една од двете меѓународно договорени цели за ограничување на глобалното затоплување, покажа новото истражување. Светот би можел да го задржи глобалното затоплување на два степени Целзиусови или за нијанса под она што некогаш изгледало недостижно, се наведува во студијата објавена вчера во списанието „Нејчр“ (Nature). Тоа ќе се случи само ако земјите ги постигнат прифатените цели за сузбивање на емисиите на јаглерод до 2030 година и ако ги исполнат ветувањата за постигнување нула емисии на јаглерод до средината на векот, велат научниците. Светот за два степени потопол сè уште значи сериозно нарушена клима, со посилни бури, повисоко ниво на морето, исчезнување животни и растенија, исчезнување корали, топење  мраз и повеќе луѓе кои умираат од топлина, смог и заразни болести. Сепак, студијата покажува дека светот не е на добар пат да исполни уште една меѓународно договорена цел, глобалното затоплување е до 1,5 степени Целзиусови повисоко отколку во прединдустриското време. Постигнувањето на таа значајна цел, за која научниците велат дека би ја заштитила планетата во поголема мера, нема да биде возможно доколку земјите не се посветат и не постигнат нови големи намалувања на емисиите најдоцна до 2030 година, а можеби и во следните три години, се наведува во студијата. паг/

Остани поврзан