• петок, 22 ноември 2024

Истражување: Излекуваните од Ковид-19 имаат долгорочен имунитет

Истражување: Излекуваните од Ковид-19 имаат долгорочен имунитет
Виена, 8 декември 2020 (МИА) - Истражувањето на Универзитетската клиника во Инсбрук покажува дека излекуваните луѓе од новиот коронавирус имаат стабилен, долгорочен имунитет и не треба да стравуваат од нова инфекција или мутација. - Во студијата учествуваа 29 лица на просечна возраст од 44 години и сите во март беа заболени од Ковид-19, изјави раководителот на истражувањето Флориан Дајзенхамер. Тој наведе дека кај учесниците се откриени антитела и по шест месеци, што укажува на константен, стабилен, долгорочен имунитет. - Постојат сите елементи на заштитниот имунитет. Резултатите од студијата на Инсбрук се идентични со меѓународните сознанија, посочи Дајзенхамер при тоа потсетувајќи оти на Исланд и во Њујорк дошле до ист заклучок. Тој посочи дека излекуваните лица не мора да се плашат од повторна зараза, но оти постојат исклучоци, кои не се правило. ми/

Остани поврзан