• сабота, 23 ноември 2024

Истрага за пронајдена марихуана во Велес

Истрага за пронајдена марихуана во Велес
Скопје, 14 март 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против велешанец на возраст од 29 години поради постоење на основано сомневање дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Како што информира ОЈО, осомничениот велешанец на 11 март неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во вкупна количина од 4.957,86 грама и тоа во повеќе пакувања во градината пред куќата во која живее, во собата во која престојувал и во автомобилот. Дрогата е пронајдена и одземена од полициските службеници на СВР Велес при вршење претрес кај обвинетиот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување притвор против осомничениот, што е прифатено и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​​ вј/ац/

Остани поврзан