• четврток, 04 јули 2024

Истрага за португалското државјанство на Абрамович

Истрага за португалското државјанство на Абрамович
Порто, 13 март 2022 (МИА) – Рускиот милијардер Роман Абрамович, кој од минатата недела не е повеќе сопственик на Челзи, под сомнителни околности се стекнал со португалско државјанство за што полицијата почна истрага и го уапси рабинот Даниел Литвак, кој му овозможил да ги добие документите, објави весникот „Ел Паис“. Истрагата, како што пишува португалскиот весник, почнала во јануари годинава кога се појавиле сомневања дека еврејската заедница во Порто фалсификува документи за наводно сефардско потекло на Евреи и учествува во „перење пари“. Со измените на Законот од 2015 година со португалско државјанство можат да стекнат лица кои ќе докажат дека се потомци на сефарските евреи, протерани во 1496 година со одлука на кралот Мануел Први. Сефардите се Евреи, кои живееле на подрачјето на Пиринејскиот Полуостров, а од Шпанија биле протерани од католичките кралеви во 1492 година. Во изминатите неколку години, според „Ел Паис“, биле поднесени вкупно 85.000 барања за португалско државјанство врз основа на сефардско потекло, од кои биле одобрени повеќе од 32.000. Околу 90 отсто од тие барања, меѓу кои и тоа на Абрамович, биле поднесени од еврејската заедница во Порто. Иако Абрамович добил португалско државјанство, тоа остана скриено од јавноста до есента лани кога веста ја објави весникот „Публико“. Олигархот Абрамович, кој поседува руско, израелско и литванско државјанство, е еден од главните донатори на Музејот на холокаустот во Порто, отворен во април 2021 година. Еден месец подоцна, Абрамович пристигна во Порто за да присуствува на финалето од Лигата на шампиони меѓу клубот во негова сопственост Челзи и Манчестер сити. Претходно оваа недела, британската Влада, поради руската инвазија врз Украина, му го замрзна целиот имот на Абрамович, а тој се повлече од раководството во Челзи. ег/ми/

Остани поврзан