• понеделник, 06 јануари 2025

Иран повеќе нема да дава докази за падот на украинскиот авион

Иран повеќе нема да дава докази за падот на украинскиот авион
Техеран, 3 февруари 2020 (МИА) - Иран повеќе нема да ги споделува доказите собрани во истрагата за несреќата на украинскиот авион со Украина, откако украинските медиуми објавија аудио-снимка од истрагата, изјави денеска вршителот на должноста директор за истраги во Организацијата за цивилно воздухопловство Хасан Резифар. Аудио - снимката беше доказ даден на украинските експерти како дел од заедничката истрага за несреќата. - Тимот за техничка истрага на несреќата на украинска авиокомпанија направи чуден потег со објавување на тајната аудио снимка на која е комуникација на ирански пилот кој летал во исто време со украинскиот авион со контролниот центар, рече Резифар, посочувајќи дека објавувањето на снимката е непрофесионално бидејќи е доверлив документ. Украинскиот авион се урна на 8 јануари, веднаш по полетувањето од аеродромот во Техеран и притоа загинаа сите 176 патници. паг/

Остани поврзан