• сабота, 14 март 2026

Иран за време на воената вежба истрела ракети врз цели во Ормуски Теснец

Иран за време на воената вежба истрела ракети врз цели во Ормуски Теснец

Техеран, 17 февруари 2026 (МИА) – Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) за време на воената вежба истрела ракети кон морски цели во Ормуски Теснец, објави иранската државна телевизија.

Воената вежба на ИРЦГ почна вчера, еден ден пред преговорите со САД во Женева.

Ормускиот теснец, широк приближно 55 километри, се наоѓа помеѓу Иран и Оман. Се смета за еден од најважните бродски правци за светски извоз на нафта. Иранските офицери за време на минатогодишната 12-дневна војна се закануваа дека ќе го блокираат Ормуски Теснец. ми/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан