Иранската телевизија објави признание за наводна шпионажа на двајца Французи
- Веб-страницата на официјалната иранска телевизија на арапски јазик Ал-Алам денеска објави „признание“ за наводната шпионажа на двајца Французи уапсени во Иран во мај.

Техеран, 6 октомври 2022 (МИА) - Веб-страницата на официјалната иранска телевизија на арапски јазик Ал-Алам денеска објави „признание“ за наводната шпионажа на двајца Французи уапсени во Иран во мај.
Во видеото, жена која зборува француски тврди дека е Сесил Колер и дека е оперативно разузнавач во француската разузнавачка служба ДГСЕ.
На 11 мај Иран објави дека уапсиле двајца Европејци „кои влегле во земјата со цел да предизвикаат хаос и да го дестабилизираат општеството“.
Француските власти го осудија апсењето како „неосновано“ и побараа ослободување на приведените.
На почетокот на јули, Техеран обвини двајца „француски синдикалци“ уапсени во мај за „поткопување на безбедноста“ во Иран. паг/