Инцидент на холандскиот воен аеродром во Левуарден
- Две лица се повредени откако белгиски воен авион Ф-16 удри во зграда на холандскиот воен аеродром во Левуарден пред да полета, соопштија денеска холандските воздухопловните сили

Хаг, 1 јули 2021 (МИА) - Две лица се повредени откако белгиски воен авион Ф-16 удри во зграда на холандскиот воен аеродром во Левуарден пред да полета, соопштија денеска холандските воздухопловните сили.
Пилотот успеа да се катапултира и не е повреден, а сè уште не е позната причината за несреќата.
Според очевидците авионот се запалил непосредно пред полетувањето, но откако удрил во зградата не настанало пожар и експлозија.
Белгискиот авион бил стациониран на воениот аеродром во Левуарден. Авионите Ф-16 требаше денеска да бидат пренесени во друга воена база во Холандија. ми/