• недела, 19 мај 2024

Информацијата за почеток на Стратешкиот дијалог со САД пред Владата

Информацијата за почеток на Стратешкиот дијалог со САД пред Владата
Скопје, 17 мај 2022 (МИА) - Информацијата за почеток на Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, е една од точките што ќе ги разгледува Владата на денешната редовна 45. седница. Како што информира владината прес-служба, на дневен ред е и Извештајот за завршени преговори за усогласување на Договорот за техничка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Јапонија. Пред Владата ќе биде и Информацијата за издавање Писмо без приговор (no objection letter) за вклучување на Република Северна Македонија во предлог Програма за развој на енергетска ефикасност во згради преку Зелениот климатски фонд. За заклучоците и одлуките од седницата, која е закажана за 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение. мч/лв/

Остани поврзан