• петок, 05 декември 2025

Информативните денови за Оперативниот план за вработување продолжуваат во Кавадарци

Информативните денови за Оперативниот план за вработување продолжуваат во Кавадарци

Скопје, 10 јуни 2025 (МИА) - Во Кавадарци денеска ќе се одржи промоција на мерките и активностите кои произлегуваат од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година.

На овие средби покрај заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески ќе бидат присутни и претставници од Општина Кавадарци, Агенцијата за вработување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото.

На инфо деновите се поканети стопанските комори, здруженија на занаетчии, здруженија на млади и сите граѓани кои сакаат подетално да се информираат за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на Министерството за економија и труд. ев/цр/

ФОТО: Архива 

 

Остани поврзан