Инфантино упати писмо со честитка до Омерагиќ
- Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) испрати писмо со честитки до Масар Омерагиќ за неговиот избор за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Цирих, 24 декември 2024 (МИА) - Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) испрати писмо со честитки до Масар Омерагиќ за неговиот избор за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Во писмото со честитки, првиот човек на ФИФА вели дека е убеден во потенцијалот на нашиот фудбал и ја истакнува личната поддршка и отвореноста на Светската фудбалска Асоцијација за ФФМ.
Во писмото на Инфантино стои:
Прифатете ги моите најтопли поздрави и најискрени честитки за изборот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Вашето знаење и лидерство, вашата страст и искуство несомнено ќе имаат важно влијание врз развојот на нашата прекрасна игра во Македонија. Убедени во потенцијалот на фудбалот во земјата, можете да сметате на мојата лична поддршка и на помошта на ФИФА за да ја постигнете оваа цел.
Вратите на ФИФА се секогаш отворени доколку сакате да разговарате за нашиот спорт, неговиот развој и промоција на неговите вредности.
Ви посакувам вам и на вашиот тим многу среќа и успех во сите предизвици што претстојат, во создавањето и сведочењето на трајно наследство за иднината на фудбалот во Македонија.
Со нетрпение очекувам да се видиме наскоро. Ти испраќам, почитуван претседателе, најдобри желби за добро здравје и успех.
Фудбалски поздрав,
Џани Инфантино
Писмо со честитка за изборот на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упати и Генералниот секретар на ФИФА, Матиас Графстром.
Првиот оперативец на Светската фудбалска Асоцијација во писмото со честитка до претседателот Омерагиќ ја истакнува подготвеноста на ФИФА за реализација на визијата на ФФМ под водство на новото раководство. зс/
Фото: ЕПА