• петок, 05 декември 2025

Инфантино: Роналдо може да игра на Светското клупско првенство

Инфантино: Роналдо може да игра на Светското клупско првенство

Цирих, 24 мај 2025 (МИА) - Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо би можел да игра на Светското клупско првенство благодарение на специјалниот преоден рок.

- Се водат разговори со некои клубови, па ако има клуб што го следи Роналдо и е заинтересиран да го доведе на Светското клупско првенство, којзнае... Уште неколку недели и ќе биде забавно, рече Инфантино на интернет каналот „iShowSpeed“.

Можно е еден од учесниците на Светското клупско првенство да го покани Роналдо за учество на турнирот. 

Голема е веројатноста Роналдо да игра за Ал-Хилал од Саудиска Арабија, Палмеирас од Бразил или Вајдад од Мароко.

Договорот на Роналдо со Ал-Наср од Саудиска Арабија истекува на 30 јуни 2025 година. Во сезоната 2024/25, напаѓачот постигна 34 гола и имаше четири асистенции на 40 натпревари.

Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан