• сабота, 17 јануари 2026

Интер ја одби понудата од Галатасарај за Чалханоглу

Интер ја одби понудата од Галатасарај за Чалханоглу

 

Милано, 16 јануари 2026 (МИА) – Лидерот во италијанското фудбалско првенство Интер ја отфрли понудата од турски Галатасарај за играчот од средниот ред Хакан Чалханоглу, јавија денеска италијанските медиуми.

Според истите извори, Галатасарај понудил околу 25 милиони евра за трансфер на 31-годишниот Чалханоглу во јануарскиот преоден рок.

Договорот на Чалханоглу со Интер е активен до крајот на идната сезона, а италијанскиот тим не сака да се раздели со него во оваа фаза.

Во неделата, Чалханоглу се повреди во ремито 2-2 против Наполи и ќе отсуствува од теренот речиси еден месец.

Турчинот му се приклучи на Интер пред пет години од градскиот ривал Милан, за кој настапуваше четири сезони.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан