Интер го смени главниот спонзор за прв пат по 26 години
- Италијанскиот фудбалски шампион Интер најави промена на генералниот спонзор. Од претстојната сезона, логото на дресовите на Интер ќе биде апликацијата Socios.com.
Милано, 22 јули 2021 (МИА) – Италијанскиот фудбалски шампион Интер најави промена на генералниот спонзор. Од претстојната сезона, логото на дресовите на Интер ќе биде апликацијата Socios.com.
Според „Фудбал Италија“, договорот е вреден 20 милиони евра годишно.
Да потсетиме дека последните 26 години (од 1995 година) титуларен спонзор на Интер е производителот на автомобилски гуми „Пирели“.
Минатата сезона Интер стана шампион на Италија за прв пат по 11 години. зс/