• четврток, 21 ноември 2024

Интер ги намали загубите од 85 на 36 милиони евра на крајот од сезоната 2023/24

Интер ги намали загубите од 85 на 36 милиони евра на крајот од сезоната 2023/24

Милано, 29 октомври 2024 (МИА) - Интер втора сезона по ред ги подобрува економските перформанси. Во сезоната 2021/22 загубата на тимот беше 140 милиони евра.

На крајот на финансиската година која заврши на 30 јуни 2024 година, миланскиот клуб успеа да ги намали загубите за 49 милиони евра, од 85 на 36 милиони.

„Неро-азурите“ две години по ред ги подобруваат финансиските резултати. Во финансискиот извештај на Интер за сезоната 2023/24, приходите на миланскиот клуб без трансфери се зголемија за 48 милиони и изнесуваат 473 милиони.

Мнозинскиот акционер на клубот, компанијата „Oaktree“, ја промени структурата на капиталот со доделување дополнителни 44 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан