• петок, 22 ноември 2024

Инсталирана „поправка“ за грешка што предизвика глобален прекин на ИТ

Инсталирана „поправка“ за грешка што предизвика глобален прекин на ИТ

Тексас, 19 јули 2024 (МИА) - Инсталирана е поправка за грешка што предизвика глобален прекин на ИТ што ги погоди аеродромите, банките и медиумите ширум светот, изјави денеска извршниот директор на антивирусната фирма CrowdStrike.

„CrowdStrike активно работи со клиенти погодени од дефектот пронајден во едно ажурирање на содржината за хостовите на Windows... Проблемот е идентификуван, изолиран и инсталирана е поправка“, објави извршниот директор Џорџ Курц во пораката на X.

Акциите на групата за кибер безбедност CrowdStrike паднаа за 20 отсто во претпазарното тргување на ВолсСтрит поради глобалниот прекин на ИТ. паг/
 

 
 
 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан