• недела, 30 јуни 2024

Инспиративен концерт на „Љубојна“ во Прилеп

Инспиративен концерт на „Љубојна“ во Прилеп

Прилеп, 23 септември 2023 (МИА) - На сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа македонската музичка група која изведува етно-музика, „Љубојна“, одржа целовечерен концерт.

Групата „Љубојна“ ја одушеви прилепската публика со својот настап, емотивно изведуваќи ја музиката со етно-елементи.

Повеќе од 20 години „Љубојна“ работи на проекти што се засноваат на истражувања на македонската музика и култура.  

Групата е зад повеќе проекти, перформанси, музика за филмови и настапува во светот со разновидни мултимедијални претстави.

„Љубојна“ досега има објавено девет албуми. ем/хс/

Фото: Центар за култура „Марко Цепенков“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан