• недела, 23 февруари 2025

Иницијативите на Струмица во областа на превенцијата објавени во публикациите на Светската мрежа на силни градови

Иницијативите на Струмица во областа на превенцијата објавени во публикациите на Светската мрежа на силни градови

Струмица, 15 јануари 2025 (МИА) - Иницијативите на Општина Струмица и функционирањето на Локалниот совет за превенција се објавени во публикациите на Светската мрежа на силни градови (City Spotlight), соопштија од локалната самоуправа.

Ова доаѓа по Петтиот глобален самит на Мрежата на силни градови којшто се одржа од 3 до 5 декември лани во Кејп Таун, Јужна Африка.

Како што информираа од Општината, во публикациите се наведува дека Струмица е посветена на поттикнување на кохезијата во заедницата за да се спречи маргинализацијата на малцинствата и другите ранливи групи.

- Централно место во овој напор е концептот „Струмица-грижлив град“, кој дава приоритет на потребите на граѓаните во социјален ризик и го промовира социјалниот развој преку низа услуги. На пример, општината започна проекти преку своите Програми за социјална заштита, чија цел е да го подобри животот на ранливите групи, фокусирајќи се на социјалната, детската и здравствената помош. Водечка иницијатива е Проектот за социјално домување за ранливите заедници, кој обезбедува домување за над 100 турски и ромски семејства. Овој проект, кофинансиран од општината и националната влада, вклучува развој на социјална населба, вклучувајќи подобрувања на инфраструктурата и изградба на нови станови, преку консултации и партиципативно одлучување со засегнатите заедници, стои во публикацијата, каде покрај овој пример се наведуваат и многу други од работењето на Општината во областа на превенцијата.

Во соопштението се истакнува дека Општина Струмица се заблагодарува за активната соработка при изработка на овој важен документ и дека продолжува со посветена работа за напредок на градот. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан