• недела, 22 декември 2024

Индија со зголемени инвестиции за производство на полупроводници

Индија со зголемени инвестиции за производство на полупроводници
Њу Делхи, 22 септември 2022 (МИА) - Индија ги зголеми стимулациите за производство на чипови и екрани за да се позиционира како клучен играч во глобалните синџири на снабдување. Министерот Рајев Чандрасекар очекува мерките да привлечат најмалку 25 милијарди долари инвестиции. Индиската Влада ги зголеми и стимулациите за изградба на нови фабрики за полупроводници и сега покрива половина од трошоците. Таа ќе финансира и половина од трошоците на погонот за пакување полупроводници. Најавено е и укинување на лимитот за инвестиции во производство на екрани. Чандрасекар изјави дека Владата разговара со многумина глобални играчи за вложување во производство на чипови во Индија. Минатата недела, конгломератот „Веданта“ и тајванскиот „Фокскон“ со индиската сојузна држава Гуџарат потпишаа договор за вложување 19,5 милијарди долари во изградба на погони за производство на полупроводници и екрани. „Веданта“ е трета компанија што објави локација на фабрика за чипови во Индија. бд/паг/

Остани поврзан