• недела, 22 декември 2024

Индија повторно воведува ограничено движење, заразени речиси еден милион

Индија повторно воведува ограничено движење, заразени речиси еден милион

Њу Делхи, 15 јули 2020 (МИА) - Бројот на заразени лица со коронавирус во Индија е речиси еден милион, а во последните 24 часа има 29.429 новозаразени, поради што властите во десетина сојузни држави повторно воведоа мерки за ограничување на движењето. Од почетокот на епидемијата заразени се 936.118 лица. Министерството за здравство на Индија денеска соопшти дека од Ковид-19 починале уште 582 лица, со што вкупниот број починати изнесува 24.309. Двонеделно ограничување на движењето од денеска е воведено во источната држава Бихар, каде живеат 2,5 милиони работници кои работеа во други делови на земјата, а поради пандемијата тие беа отпуштени и се вратија дома, што придонесе за ширење на инфекцијата. За една недела ќе биде ограничено движењето во Технолошкиот центар на Бангалор, каде се наоѓаат седиштата на „Мајкрософт“, „Епл“ и „Амазон“. Десетина други држави, вклучувајќи ги Махараштра, Тамил Наду, Западен Бенгал и Асам, воведоа ограничувања на движењето во области со висок ризик, а дозволена е само продажба на основни намирници и здравствени услуги. Индискиот министер за здравство Харш Вардан изјави дека врвот на заразата во различни делови на земјата се очекува во различни периоди. Тој додаде дека повеќе од 280.000 луѓе се тестираат секој ден во Индија, а досега се тестирани речиси 12 милиони. паг/    

Остани поврзан