• петок, 22 ноември 2024

Индекси на прометот во секторот Трговија

Индекси на прометот во секторот Трговија
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Во јули годинава во споредба со истиот месец лани е регистрирано зголемување на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 67.6 %, а реално за 11.5 %), а во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, прометот е номинално зголемен за 5.3 %, а реално е намален за 11.8 %.
Во Трговијата на мало, освен трговија со горива, прометот е номинално зголемен за 2.2 %, а реално е намален за 9.0 %.
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 0.7 %, а реално за 6.1 %), соопшти Државниот завод за статистика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан