• понеделник, 23 декември 2024

Инвеститорски ден на Берзата, склучени 207 трансакции, промет од 595 илјади евра во БЕСТ системот 

Инвеститорски ден на Берзата, склучени 207 трансакции, промет од 595 илјади евра во БЕСТ системот 

Скопје, 13 септември 2023 (МИА) - На Инвеститорскиот ден што се одржа денеска на Македонската Берза се склучени вкупно 207 трансакции што претставува најголем број склучени трансакции во еден ден на тргување годинава. Вториот најголем број на трансакции на дневно ниво оваа година изнесува 139 трансакции, додека просечниот дневен број на трансакции е 47.

Од Берзата соопштија дека вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот со акции денеска надминал 595 илјади евра, односно изнесува околу 37 милиони денари, што е за 2,3 пати повеќе во споредба со просечниот дневен промет во БЕСТ оваа година. -Дополнително, денеска во БЕСТ системот членките на Берзата внеле вкупно 336 налози за тргување, што исто така претставува најголем број на внесени налози во берзанскиот систем за тргување во 2023 година.

На Инвеститорскиот ден на Македонската берза, што се одржува четврта година,  сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на остварен промет до 10.000 евра.

Иницијативата „Инвеститорски ден“ и оваа година ја прифатиле и активно се вклучиле сите десет членки на Берзата (Еурохаус, Илирика Инвестментс, Иново Брокер, Инвестброкер, Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Фершпед брокер и Шпаркасе Банка Скопје) и Централниот депозитар за хартии од вредност, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.лв/сх/

Остани поврзан