• среда, 17 јули 2024

Имобиле: Навивачите на Рома бараат од мене да го пропуштам римското дерби

Имобиле: Навивачите на Рома бараат од мене да го пропуштам римското дерби
Рим, 15 март 2022 (МИА) - Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле проговори за претстојниот натпревар од 30. коло на италијанското првенство против Рома. - Тешка сезона. Борбата на врвот и на дното на поредокот е во полн ек. Треба да се фокусираме. Дербито е пред нас. Навивачите очекуваат многу од нас. Навивачите на Рома генерално бараат од мене да не играм. Тоа е забавно. Ќе се обидеме да победиме, изјави Имобиле за „Sky Sports“. Римското дерби ќе се одигра на 20 март во 18 часот. Во првиот дел од сезоната во италијанското првенство победи Лацио (3:2). Имобиле оваа сезона одигра 24 настапи во Серија А, постигнувајќи 21 гол и три асистенции. зс/

Остани поврзан