• понеделник, 23 декември 2024

Илјадници луѓе евакуирани во Пекинг поради тајфунот Доксури

Илјадници луѓе евакуирани во Пекинг поради тајфунот Доксури

Пекинг, 31 јули 2023 (МИА) - Пекинг ги забележа најобилните врнежи оваа година, откако остатоците од тајфунот Доксури денеска го зафатија кинескиот главен град, принудувајќи евакуација на 31.000 луѓе, објави државната телевизија Си-Си ТВ.

Силен дожд продолжува да врне во Пекинг, но и во Хебеи, Тијанџин и Шанкси, откако Доксури се распадна над северна Кина, објави Државната метеоролошка управа (ЦМА).

Ветровите околу центарот на бурата дуваа и до 187 километри на час.

Доксури е една од најсилните бури што ја погоди Кина во изминатите години, предизвикувајќи поплави во текот на викендот во јужната провинција Фуџијан, од која беа евакуирани стотици илјади луѓе.

Засега нема информации за сериозна материјална штета или жртви.

Повради невремето, Во Пекинг се затворени повеќе од 40.000 градилишта, 20.000 згради мора да бидат подложени на проверка за можни оштетувања, а знаменитостите на градот се затворени за посетители. паг/

Фото: МИА архива



 

 

Остани поврзан