• петок, 22 ноември 2024

ИЛО: Пандемијата го турна глобалниот пазар на труд во невидена криза

ИЛО: Пандемијата го турна глобалниот пазар на труд во невидена криза
Женева, 8 јули 2020 (МИА) - Глобалните лидери  на Самитот на Меѓународната организација на трудот (ИЛО) упатија апел за целосен пристап во справувањето со последиците од пандамијата со новиот коронавирус. Директорот на ИЛО, Гај Рајдер изјави пандемијата го турнала глобалниот пазар на труд во невидена криза. Според минатонеделните предвидувањата на ИЛО за глобалниот пазар на трудот за втората половина од 2020 година се „многу несигурни“ и оти нема да биде доволно да се врати стапката на вработеност на нивото од пред почетокот на кризата. На Самитот преку видео-порака се обрати и генералнит секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш. - Треба да биде јасно дека не се работи за избор помеѓу здравјето или работата и економијата. Се е испреплетено: или ќе победиме на сите фронтови или ќе загубиме на сите фронтови, истакна Гутереп. Додека директорот на Светска здравствена организација Тедрос Адханом Гебреисус наведе дека светот има посебна должност да ги заштити милионите здравствени работници. - Заедно имаме должност да ги заштитиме оние кои не штитат нас, посочи Гебреисус. ми/

Остани поврзан