• петок, 05 декември 2025

Изјава на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Изјава на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Скопје, 19 октомври 2025 

Денеска сме во преубавиот Штип, во главниот град на истокот. Денеска е празник на демократијата, каде граѓаните имаат можност да го искористат своето гласачко право и да гласаат за својата, твојата, за вашата иднина, за иднината на соседот, за иднината на пријателот, на роднината, се вели во изјавата на Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја објавува интегрално.

Почитувани граѓани,

Ве повикувам сите масовно да излеземе и да гласаме на овие локални избори, да гласаме за вашиот кандидат, да гласаме за вашиот советник. Ја користам можноста да се заблагодарам на сите учесници во изборниот процес, пред се нормално на граѓаните, меѓутоа и на членовите на ДИК, на ОИК, на избирачките одбори, на набљудувачите и секако на припадниците на МВР, коишто деноноќно се трудат да овозможат овој процес да помине без проблеми. Задоволни сме од начинот на реализација на овој процес досега, во една фер, демократска, мирна атмосфера, очекуваме истиот така да продолжи и до крајот на денот.

Линк од видео материјал: 

https://www.youtube.com/watch?v=Vi2ECIj7TP4

 

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан