• недела, 17 ноември 2024

Изјава на Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Општина Битола од СДСМ

Изјава на Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Општина Битола од СДСМ
Битола, 31 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ Христо Кондовски, своето право на глас го оствари на гласачкото место број 0076 во урбаната заедница „Велко Влаховиќ“. - Очекувам изборниот ден да мине во фер и демократска атмосфера. Со мојата позитивна кампања мислам дека дадов сериозни пораки поврзани со моите заложби за позитивно водење на општината. Овој ден за мене претставува празник и за битолчани бидејќи го остваруваме нашето право кое воедно е и наша обврска. Од овој ден зависи каква ќе биде Битола во наредните четири години, што избираат и во таа смисла очекувам победа затоа што испративме сигнали на обединување на сите граѓански иницијативи. Ние ја разбравме пораката на битолчани за прогресивно водење на општината и посакувам да победи подобриот, да победи иницијативата за подобра Битола. Меѓу двата изборни циклуси имаше тензии, но тоа се избори, а од утре да продолжиме да работиме за подобар економски развој на Битола, изјави Кондовски. мт/цр/

Остани поврзан