• четврток, 04 декември 2025

Изјава на кандидатката за градоначалник на Неготино од ВМРО - ДПМНЕ Марија Нацева (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Изјава на кандидатката за градоначалник на Неготино од ВМРО - ДПМНЕ Марија Нацева (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Неготино, 19 октомври 2025 (МИА) - Денеска го остварив своето граѓанско право, излегов и гласав. Ги повикувам сите граѓани на општина Неготино и Република Македонија, да излезат на овие локални избори и да го остварат своето дискреционо право на глас. Ова го порача денеска кандидатката за градоначалник на Неготино Марија Нацева, од редовите на ВМРО - ДПМНЕ. 

Според претседателката на ОИК Елизабета Камчева, во избирачкиот список евидентирани се вкупно 15 902 граѓани со право на глас на 28 избирачки места.

На овие локални избори, пред неготинци се тројца кандидати за градоначалник и шест советнички листи со кандидати за советници во Совет на Општина Неготино. свд/мд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан