• петок, 27 декември 2024

Изречени 71 санкција за брзо возење на територија на СВР Битола 

Изречени 71 санкција за брзо возење на територија на СВР Битола 
Скопје, 5 март 2023 (МИА) - На територијата на СВР Битола, денеска во периодот од 12:00 до 18:00 часот, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 71 возач.
 
Од нив, како што информираат од МВР, 33 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 
 
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/сст/

Остани поврзан