• сабота, 21 декември 2024

Изречени 55 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Изречени 55 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, во периодот од 10.00 до 14.00 часот, на територијата на државава спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

Како што соопшти денеска МВР, при контролата санкционирани се 55 возачи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со сообраќајните контроли и апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

-Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, се наведува во соопштението од МВР. дма/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан