• недела, 22 декември 2024

Изречени 252 санкции за брзо возење

Изречени 252 санкции за брзо возење

Скопје, 12 април 2024 (МИА) -  На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 252  санкции за брзо возење.

Од нив, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 128 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан