Израел изврши напади врз Техеран и Бејрут
- Израел денеска повторно ги бомбардираше главните градови на Иран и на Либан, Техеран и Бејрут, додека САД нападнаа ирански носач на беспилотни летала
Ерусалим, 6 март 2026 (МИА) - Израел денеска повторно ги бомбардираше главните градови на Иран и на Либан, Техеран и Бејрут, додека САД нападнаа ирански носач на беспилотни летала.
Израелската армија претходно објави дека денешното бомбардирање е почеток на „бран големи напади“ врз Техеран и додаде дека е уништен поголемиот дел од иранската воздушна одбрана.
Во Либан израелската армија нападна цели на Хезболах, сојузник на Иран.
Иран, исто така, лансираше ракети кон соседните земји, каде има американски воени бази. ми/ссм/
фото: ЕПА