• петок, 18 јули 2025

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Ерусалим, 5 јули 2025 (МИА) – Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа.

Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе отпатува за Катар.

Претходно, Израел соопшти дека подготвува одговор откако Хамас изрази подготвеност да преговара за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Хамас синоќа потврди дека е подготвен да се вклучи во разговори за предлогот на САД.

Според неименувани палестински извори, предлогот вклучува 60-дневен прекин на огнот, кога Хамас треба да ослободи десет живи заложници и ќе ги врати телата на неколку мртви во замена за ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан