• петок, 05 декември 2025

Израел ја прогласи границата со Египет за затворена воена зона

Израел ја прогласи границата со Египет за затворена воена зона

Ерусалим, 6 ноември 2025 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека и наредил на армијата да го прогласи граничното подрачје помеѓу Израел и Египет за затворена воена зона, со цел да се спречи шверцот на оружје со помош на дронови.

Тој додаде дека шверцот на оружје со дронови е „дел од војната во Појасот Газа и има за цел да го вооружи непријателот“.

- Мора да се преземат сите можни мерки тоа да се стопира, посочи Кац. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан