• понеделник, 23 декември 2024

Израел тврди дека ја понудил секоја можна помош за олеснување на хуманитарната криза во Газа

Израел тврди дека ја понудил секоја можна помош за олеснување на хуманитарната криза во Газа

Тел Авив, 13 декември 2023 (МИА) - Израел инсистира на тврдењето дека ја „понудил секоја можна помош“ за олеснување на хуманитарната криза во Газа, одговарајќи на соопштение на Канцеларијата за хуманитарни прашања на ОН дека здравствениот систем во окупираната Палестина територијата е во колапс.

Директорот на комисијата за надворешни и воени прашања на израелскиот Парламент, Јули Елдштајн, кој е близок соработник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, изјави за новинарите дека полските болници се отворени во Газа, со помош на Обединетите Арапски Емирати и Јордан.

„Ние ја понудивме секоја можна помош и подготвени сме да направиме повеќе. Но, една работа мора да биде јасна. Постои преклопување меѓу медицинскиот систем, болниците, со терористичките активности на Хамас. Тоа е нешто што не можеме да го толерираме“, рече Елдштајн. .

Заменик-специјалниот координатор на ОН за мировни прашања на Блискиот Исток, Лин Хестингс, претходно во текот на денот изјави дека речиси половина од населението на Појасот Газа сега е на граничниот премин Рафа во обид да избега од израелското бомбардирање, пренесе „Гардијан“.

„Ова не води кон ништо друго освен до здравствена криза“, рече Хестингс. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан