Израел тврди дека убил висок командант на Хамас во Газа, одговорен за терористичкиот напад од 7 октомври
- Израелската војска денеска соопшти дека убила висок командант на Хамас во Појасот Газа, кој работел на обнова на капацитетите и производството на оружје на палестинската милиција.
Тел Авив, 13 декември 2025 (МИА) - Израелската војска денеска соопшти дека убила висок командант на Хамас во Појасот Газа, кој работел на обнова на капацитетите и производството на оружје на палестинската милиција.
Во соопштението не е наведено името на убиеното лице.
Сепак, израелските медиуми „Тајмс оф Израел“ и „ynet“ објавија дека цел на воздушниот напад бил Раад Саад, висок командант на палестинската милитантна организација, кој бил убиен во Појасот Газа.
Саад наводно бил главниот планер на терористичкиот напад од 7 октомври 2023 година врз јужен Израел, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а над 250 беа киднапирани и однесени во Појасот Газа. ссм/
фото: архива