• понеделник, 23 декември 2024

Израел го ракетираше Бејрут, експлозии во воени бази во Сирија

Израел го ракетираше Бејрут, експлозии во воени бази во Сирија

Бејрут, 7 октомври 2024 (МИА) - Најмалку една нова ракета вчеравечер го погоди јужен Бејрут, нешто повеќе од еден час откако Израел издаде инструкции за евакуација на цивили.

Тие удриле во јужно предградие кое има силно присуство на Хезболах и е блиску до аеродромот. Таа област во последните денови неколку пати беше мета на напади.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа „итно“ предупредување за евакуација за жителите на Бурџ ал Барајнех и Хадат - двете области на југот на Бејрут.

-Вие сте во близина на објектите и интересите на Хезболах, а ИДФ ќе оперира против нив во блиска иднина, се вели во предупредувањето.

Ракетните напади следеа по слични наредби издадени во последните денови.

Сириските медиуми тврдат дека бројни воени локации во централна Сирија биле цел на Израел, а некои од нив биле погодени, велат тие. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан