Израелските сили погодија електрична централа во Сана
- Британската безбедносна фирма „Амбри“ соопшти претходно денеска дека добила извештаи за воздушни напади во областите во Јемен контролирани од Хутите, вклучително и пристаништето Рас Иса, кое е главниот терминал за извоз на нафта во Јемен, пренесуваат британските медиуми.
Сaнa, 10 јануари 2025 (МИА) - Израелските сили денеска ја погодија електричната централа Хезијаз во Сана, објавија јеменските медиуми блиски до милитантната група Хути.
Британската безбедносна фирма „Амбри“ соопшти претходно денеска дека добила извештаи за воздушни напади во областите во Јемен контролирани од Хутите, вклучително и пристаништето Рас Иса, кое е главниот терминал за извоз на нафта во Јемен, пренесуваат британските медиуми.
Засега нема информации за повредени или предизвикана материјална штета.
Хутите постојано го напаѓаат Израел со беспилотни летала и проектили и од ноември 2023 година изведуваат напади врз меѓународните бродови во водите во близина на Јемен, во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатиот месец изјави дека Израел започнал воена кампања против Хутите.сд/
фото:МИА архива