• четврток, 26 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Израелските авиони ноќеска погодиле околу 30 позиции на Хезболах во јужен Либан

Израелските авиони ноќеска погодиле околу 30 позиции на Хезболах  во јужен Либан

Тел Авив, 11 септември 2024 (МИА) – Изаелските борбени авиони во текот на ноќта погодиле околу 30 ракетни фрлачи на Хезболах и друга инфраструктура во јужен Либан, соопшти денеска израелската армија.

Според ИДФ, нападите биле извршени во градовите Џебеин, Накура, Деир Серијан и Зибкин, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелската армија додаде дека фрлачите на Хезболах и другите цели „претставувале закана за израелските цивили“.

Во претходната минатонеделна размена на оган беа истрелани повеќе од 50 ракети од Либан кон областа Галилеја и градот Кирјат Шмон, во северен Израел.

Одговорноста за нападот ја презеде либанската милитантна група Хезболах, повикувајќи се на израелски напад врз градот Фурун, во кој загинаа тројца болничари. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан