• недела, 22 декември 2024

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, ги отфрли иранските обвинувања за заговор против Асад

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, ги отфрли иранските обвинувања за заговор против Асад

Ерусалим, 11 декември 2024 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска ги отфрли обвинувањата на Иран за американско-израелски заговор за соборување на сирискиот претседател Башар ал Асад и рече дека Техеран треба да се обвини себеси за падот на Асад.

Француските медиуми пренесуваат дека кац, при обиколката на израелско-јорданската граница заедно со воените команданти, го обвини Иран дека се обидува да воспостави источен фронт против Израел во соседното кралство и најави дека тоа ќе го спречи.

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, утринава изјави дека соборувањето на Асад минатата недела е „производ на заеднички американско-израелски заговор“ и обвини друга неименувана „соседна земја на Сирија“.

Кац во соопштението од неговиот кабинет соопшти дека Хамнеи треба да се обвини себеси и да престане да финансира вооружени групи во Сирија, Либан и Газа за да го изгради пипалото на октоподот што го води во обид да ја победи државата Израел.

„Денеска дојдов овде за да се осигурам дека Иран нема да успее да изгради пипало од октоподот што го планира и работи да го воспостави овде за да создаде источен фронт против државата Израел“, наведе израелскиот министер.

Тој посочи дека Иран стои зад обидите за шверц на оружје на окупираниот Западен Брег, што граничи со Јордан, и за финансирање и промовирање на тероризмот.

Кац рече дека и дал инструкции на војската да ги засили офанзивните операции против каква било терористичка активност на Западниот Брег и да ја забрза изградбата на ограда на израелско-јорданската граница.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан