• среда, 02 октомври 2024

Израелскиот воздушен простор затворен поради иранските напади, и Јордан и Ирак го затворија воздушниот простор

Израелскиот воздушен простор затворен поради иранските напади, и Јордан и Ирак го затворија воздушниот простор

Тел Авив, 1 октомври 2024 (МИА) – Израелската Управа за аеродроми попладнево соопшти дека сите летови што пристигнуваат и полетуваат од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив се суспендирани поради масовниот ракетен напад од Иран, јави Тајмс оф Израел.

Израелската воздухопловна управа соопшти дека е затворен целиот израелски воздушен простор, а сите летови се пренасочуваат на алтернативни дестинации надвор од Израел

И Јордан и Ирак вечерва најавија дека привремено го затвораат нивниот воздушен простор.

Британски новинари наведуваат дека биле сведоци на неколку пресретнувања на проектили во јорданскиот воздушен простор.сд/

фото:МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан