• петок, 22 ноември 2024

Израелската армија ги прекина отсуствата за сите свои борбени единици

Израелската армија ги прекина отсуствата за сите свои борбени единици

Ерусалим, 4 април 2024 (МИА) - Израелските одбранбени сили денеска ги прекинаа отпуштањата за сите свои борбени единици, се вели во официјалното соопштение објавено поради загриженоста за можна ескалација на тензиите по воздушен напад во Дамаск оваа недела кога загинаа ирански генерали, што предизвика закани за одмазда.

„По разгледувањето на ситуацијата, одлучено е привремено да се прекине отсуството за сите борбени единици на израелските одбранбени сили. Тие се во војна и нивното распоредување е под постојан надзор како што се бара“, се вели во соопштението на војската. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан