• вторник, 24 декември 2024

Изработен тридимензионален модел на ранохристијанската базилика кај „Свети Еразмо“ во Охрид

Изработен тридимензионален модел на ранохристијанската базилика кај „Свети Еразмо“ во Охрид
Охрид, 13 септември 2021 (МИА) – Со примена на техники на фотограметриско снимање изработен е тридимензионален модел од ранохристијанската базилика кај црквата „Свети Еразмо“, во близина на Охрид. Според информациите од охридскиот Завод и Музеј, моделот на базиликата го изработил д-р Христијан Талевски од Институтот за старословенска култура од Прилеп, а прецизната документација од оваа градба пред се ќе биде искористена во насока на изработка на Проекти за конзервација на архитектурата и мозаиците. Ранохристијанската базилика на локалитетот кај Мауцкер беше случајно откриена во 70-тите години на минатиот век. При истражувањата спроведени подоцна е откриена и некропола што се простира над црквата „Свети Еразмо“ и околу неа. Објектот на самата базилика бил изграден во една фаза, во периодот меѓу крајот на четвртиот и почетокот на петтиот век, а подоцна е проширен со неколку странични доградби, прегради и ѕидови. аб/мс/

Остани поврзан