• недела, 22 декември 2024

Изминатата недела 4.206 граѓани ја користеле жичницата до Милениумскиот крст  

Изминатата недела 4.206 граѓани ја користеле жичницата до Милениумскиот крст  
Скопје, 21 мај 2022 (МИА) - Во периодот од 13 април до 19 мај со жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст се возеле 4.206 граѓани. За време на викендот (14 и 15 мај ) 2.720 граѓани го посетиле Водно и ја користеле жичницата, информираа денеска од Град Скопје. Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот мај – септември  жичницата работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот (поради сервис), од 10 до 20 часот. За возење во жичницата важат протоколи за заштита од Ковид 19 - во кабина се дозволува превоз на максимум четири лица, кои имаат обврска да носат маска. На патниците пред влез во кабината им се мери температура и се врши дезинфекција. Кабините се дезинфицираат трипати во текот на денот. За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на домашно милениче (куче со мал/среден раст), а дозволен е и превоз на куче-придружник на лицата со хендикеп. До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии – бројот 25 (Транспортен центар – Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник, како и броевите 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) кои сообраќаат само за викенди и државни празници. Сите три линии за време на викендите и државните празници се бесплатни за граѓаните. цр/

Остани поврзан