• недела, 22 декември 2024

Изминатата недела 3.980 граѓани ја користеле жичницата до Милениумскиот крст

Изминатата недела 3.980 граѓани ја користеле жичницата до Милениумскиот крст
Скопје, 28 јануари 2022 (МИА) - Во периодот од 20 до 27 јануари превозот со жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст го искористиле вкупно 3.980 граѓани, односно само за време на изминатиот викенд 2.893 граѓани го посетиле Водно и ја искористиле жичницата. Овој податок според соопштението од Град Скопје говори за големиот бенефит кој што го почувствувале скопјани со реактивирањето на жичницата. -Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот ноември – март жичницата работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот (поради сервис), од 10 до 17 часот, се наведува во соопштението. Од Град Скопје воедно информираат дека за возење во жичницата важат протоколи за заштита од Ковид 19 , во кабина се дозволува превоз на максимум четири лица, кои имаат обврска да носат маска. На патниците пред влез во кабината им се мери температура и се врши дезинфекција. Кабините се дезинфицираат трипати во текот на денот. За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на домашно милениче (куче со мал/среден раст), а дозволен е и превоз на куче-придружник на лицата со хендикеп. До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии – бројот 25 (Транспортен центар – Средно Водно) сообраќа секој ден освен понеделник, како и броевите 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) кои сообраќаат само за викенди и државни празници. Сите три линии за време на викендите и државните празници се бесплатни за граѓаните.свс/са/  

Остани поврзан