• сабота, 22 февруари 2025

Изминатата недела санкционирани 150 непрописно паркирани возила во општина Центар

Изминатата недела санкционирани 150 непрописно паркирани возила во општина Центар

Скопје, 17 февруари 2025 (МИА) – ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10 до 16-ти овој месец, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 150 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар во денешното соопштение потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците. дма/са/

Фото: ЈП ПОЦ

Остани поврзан