Изменет режим на сообраќај на патот село Требеништа – Охрид
- На патниот правец Кичево – Охрид, на делницата од село Требеништа – Охрид, од денеска се воведува изменет режим на сообраќај, информираат од АМСМ повикувајќи се на известување од Г.П. Илинден

Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - На патниот правец Кичево – Охрид, на делницата од село Требеништа – Охрид, од денеска се воведува изменет режим на сообраќај, информираат од АМСМ повикувајќи се на известување од Г.П. Илинден – Струга.
На учесниците во сообраќајот АМСМ им препорачува да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот. дма/ац/
Фото: МИА архива