Изложба на мачки во Хрватска
- Посетителите ќе имаат можност да се запознаат и со расата ликои, т.н. „мачка врколак“. Тоа е една од најнеобичните раси со природна генска мутација.

Загреб, 16 ноември 2022 (МИА) - Претстојниов викенд, во Големата сала на Спортскиот центар во хрватскиот главен град Загреб, во организација на Клубот на љубители на мачки „Фелис Кроатија“, ќе се одржи Меѓународното шоу за мачки.
Заедно со бројните раси мачки, посетителите ќе имаат можност да се запознаат и со расата ликои, т.н. „мачка врколак“. Тоа е една од најнеобичните раси со природна генска мутација којашто ѝ дава на мачката специфичен изглед. Други релативно ретки раси се сингапурската мачка, кашмирската мачка (бенгалска мачка со долги влакна) и курилската мачка.