• недела, 22 декември 2024

Изложба и продажба на дела во Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС

Изложба и продажба на дела во Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) -  Во Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС денеска ќе се одржи изложба и продажба на дела од неколку уметници.
-Со збогатување и развој на активностите во центарот ќе се пружи поквалитетна помош за ресоцијализација и рехабилитација на луѓето кои употребуваат дроги и нивните семејства, стекнување поголема доверба кај нив, како и придонес кон самоодржливоста на центарот, велат од ХОПС.
Првата уметница која ќе има своја продажна ретроспективна е Кате Биновска со изложбата „Времеплов”. Родена е во 1984 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, отсек графика и графички дизајн. Графиката по име „Филм” во техника акватинта, била избрана да биде дел од изложбата организирана од „Друштвото за ликовни уметности на Северна Македонија”, во Музејот на Домот на АРМ во Скопје. Истата 2009 година во ноември, на изложбата за минијатура во Музејот на АРМ, го освојува второто место со графиката „Г“, техника линорез.
Во Амбасадата на Северна Македонија во Виена, во 2017 година по иницијатива на невладината организација "Kultur Ohne Grenzen", била одржана првата самостојна изложба на Биновска. Истата година во Варшава, Полска биле одржани уште две изложби, од кои едната била поддржана од македонската Амбасада во Полска.
Моментално живее во земјава и се занимава со рачно цртање на дизајни на текстил и графички дизајн. ки/мд/

Остани поврзан